Ракометарите на Вардар со пораз ја започнаа новата сезона во СЕХА лигата.
На гостувањето во Словачка, кај Тартан Прешов, вардарци се поразени со четири голови разлика (27-23, полувреме 14-11).
Иако македонскиот прва добро го отвори мечот во 13.минута имаше и највисока предност од три гола, сепак домаќините со серија од 7-1, направија комплетен пресврт и тие поведоа со три гола разлика.
Ваквата предност во продолжението домашниот тим знаеше како да ја одржува за на крајот да слави со конечни 27-3.
Со 8 постигнати голови Филип Талевски беше најефикасен вардаров ракометар, додека Гоце Георгиевски и Мартин Карапалевски постигна по 4 голови.
За црвено-црните нема многу пауза, бидејќи веќе на 1 февруари во Скопје против Партизан ќе го одиграат и вториот меч во регионалното натпреварување.