Динамо Загреб се врати на победничките патеки откако денес на домашен терен ја совладаа Локомотива со 2-1.

Стрелец на првиот гол во победата беше капитенот на Македонската репрезентација, Стефан Ристовски, кој одлично реагираше во 35-тата минута и ја затресе мрежата на противничкиот голман.

Мартин Батурина во 59-тата минута ја зголеми предноста на Динамо на 2-0.
Локомотива успеа да се врати во наптреварот преку искусниот Јосип Пивариќ, но немаа сили за ништо повеќе од само достоен пораз од 2-1.

Со оваа победа Динамо отиде на 45 бода, седум повеќе пред второпласираниот Хајдук.

За Стефан Ристовски ова беше прв гол оваа сезона.