Наполи доживеа непријатно изненадување од Кремонезе и беше елиминиран од Купот на Италија по изведување на пенали 2:2 – 5:4.

Избраниците на Лучано Спалети, по убедливата победа над Јувентус во Серија А (5:1) како да не беа целосно пристуни и посветени на денешниот натпревар против Кремонезе, па противникот успеа да го искористи тоа и да слави голема пробеда и пласман во четвртфиналето на Купот.

Кремнозе почна одлично и први го отворија резултатот преку Пикел во 18.минута од натпреварот, но Наполи за брзо време со головите на Хуан Жезус во 33-тата и Џовани Симеона  во 36-тата минута го презеде водството на натпреварот. Мрежите мируваа се до 87-та минута кога Афена Гијан донесе нова радост за Кремонезе и изедначи на 2:2. Резултат со кој се одите на пауза и продолженија од два пати по 15 минути.

Мрежите мируваа во продолженијата, а натпреварот отиде на пенали. Таму  трагичар за Наполи беше Станислав Лоботка, кој промаши во четвртата серија, а играчите на Кремонезе тоа го валоризираа и со пет прецизни удари од белата точка и приридеија сензација.

Македонскиот репрезентативец во редовите на Наполи, Елиф Елмас, беше стартер на натпреварот и одигра 85 минути, кога беше заменет од Пиотр Зиелински, при резултат 2:1 за Наполи.

Кремонезе во четвртфиналето ќе се соочи со Рома на Жозе Мурињо