Бранителот на пехарот на Австралија Опен Шпанецот Рафаел Надал го заврши настапот во Мелбурн оваа година во 2.коло откако загуби од Американецот Мекензи Мек Доналд со 3-0 во сетови за 2 часа и 32 минути игра.

Трите сета Мек Доналд ги доби со 6:4, 6:4 и 7:5.

Американецот се наоѓа на 65.место на АТП листата и секако ова еден од неговите најголеми резултати.