Екипата на Сан Антонио, прославувајќи ја својата 50-годишнина (сезона), се вратија во својот поранешен дом „Аламо дом“ во кој „Спарси“ играа од 1993 до 2002 година.

На натпревар, меѓу Сан Антонио и Голден Стејт присуствуваа 68.323 гледачи, со што е урнат рекордот стар 25 години.

Претходниот НБА рекорд на најпосетен НБА натпревар бил дуелот во 1998 година кога Чикаго „Булс“, тогаш предводени од легендарниот Мајкл Џордан, играа против Атланта „Хокс“ во „Џорџија Хаус“ пред 62 046 гледачи.

Сепак прославата ја расипаа „Вориорси“ кои забележаа убедлива победа со 144-113. Осуммина играчи од победничката екипа имаа двоцифрен број на поени на најмногу Џордан Пул 25, додека Донте ДиВинчензо придодаде 22 поени.