Шпанскиот кошаркар Серхио Чача Родригез постигна само 6 поени за Реал на гостувањето во Берлин кај Алба, кое заврши со победа на „Кралскиот“ тим со 84-77.

Со тоа искусниот шпански кошаркар стана само седмиот играч во Евролигата што ја минал оваа граница. Тој носејќи го дресот на Реал (во два наврати), московска ЦСКА како и италијанскиот Армани Милано досега има вкупно 3.503 поени.

Сепак, тоа е далеку од рекордот на Гркот, Ваислис Спанулис кој за Олимпијакос постигна 4.455 поени. Покрај него бројката од 4.000 поени досега ја имаат надминато уште двајца кошаркари, легендата на Барселона, Хуан Карлос Наваро 4.152 и Французинот, Нандо Де Коло (4.037) играјќи за Валенсија, ЦСКА, Фенербахче и Асвел.