Во Евролигата на програмата дуели од 18.коло.

Најнеизвесниот се одигра во Атина, каде Панатинаикос по продолжение загуби од турскиот Фенербахче со 88-94, откако по 40-минути игра резултатот беше нерешен 78-78. За грчкиот тим ова е шести пораз во низа, а гостите од Истанбул ја прекинаа лошата серија од пет порази.

Белградска Црвена Звезда беше немоќна во дуелот со мадридски Реал кој славеше со убедливи 20 поени разлика (79-59). Со ова победа Реал се врати на првото место на табелата.

Гостинска победа забележа и Жалгирис кој во Болоња го совлада Виртус со 87-77 и па петтиот меч во низа стигна до четвртиот триумф.

Предноста на домашниот терен ја искористија германските екипи. Алба во Берлин го победи
италијанскиот тим Олимпија Милано со 83-63, додека во Минхен, Баерн славеше над Басконија со 92-79.

Преостанатите три средби од ова коло, на програмата се утре:

20:00 Лион Вилербан – Барселона
20:05 Макаби Тел Авив – Партизан
20:30 Валенсија – Анадолу Ефес