Избраниците на Симоне Инзаги потешко од очекувањата се пласираа во четврфиналето од купот на Италија.

Тимот на Парма  иако пред натпреварот важеше за целосен аутсајдер, беше на прагот да приреди вистинско изненадување. Избраниците на Фабио Печија го отворија резултатот со голот на хрватскиот интернационалец, Станко Јуриќ  во 38- та минута од натпреварот.

Фаворитот од Милано, тимот на Интер долго време се обидуваше да го најде патот до голот на Буфон, но сите обиди завршуваа неуспешно, за да конечно Лаутаро Мартинез во 86тата минута по една одбиена топка успеа да го изедначи резултатот и да го однесе натпреварот во продолженија.

Во дополнителното време два пати по 15 минути, Интер продолжи со контролата на играта која вроди со плод, па во 110 минута дефанзивецот Ачерби дочека топка во шеснаесетникот и по втор пат го матираше вечерва неверојатниот Буфон, за конечни 2:1 и пласман во следната фаза од купот на Италија

Во четвртфиналето Интер за противник ќе го има подобриот од дуелот Аталанта – Специја.