Избраниците на Ерик Тен Хаг ја продолжија победничката серија од осум победи во сите натпреварувања.

„Црвените Ѓаволи“ вечерва со головите на  Ентони во 21 минута, и двата гола на Маркус Рашфорд во финишот  од натпреварот, го совладаа Чарлтон со 3:0, во рамките на четвртфиналето од ЕФЛ купот

Манчестер имаше целосна доминација на вечерашниот натпревар во кој дури 21 пат се заканија по противничкиот гол, а поседот на топка беше 69 – 31 во нивна полза.

По почетниот период на адаптација по доаѓањето на холандскиот стратег, делува дека Црвените Ѓаволи фатија ритам.

Следен противник на избраниците на Ерик Тен Хаг е градскиот ривал, тимот на Манчестер Сити, што ќе биде најголем предизвик за продолжување на импресивната серија победи.

Што се однесува до полуфиналето во ЕФЛ Купот, Јунајтед ќе игра против Њукасл кој вечерва славеше над Лестер со 2-0. Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од утрешните натпревари меѓу, Нотингем Форест и Вулверхемптон односно Саутемптон и Манчестер Сити.