Манчестер Јунајтед славеше со 3:2 против Нотингем Форест во претпоследното коло од Премиер лигата одигран на „Олд Трафорд“.

Лук Шо го отвори резултатот во 5-та минута со прецизен удар за 1:0. Во 53-та минута Морато израмни на 1:1, но само две минути подоцна Куња повторно донесе водство за Јунајтед (2:1). Брајан Ембуемо се запиша во листата на стрелци во 76-та минута за 3:1, а Гибс-Вајт во 78-та минута намали на 3:2.

Бруно Фернандеш со асистенцијата за голот на Ембуемо стигна до бројка од 20 асистенции оваа сезона. Со тоа го изедначи рекордот на Тиери Анри од сезоната 2002/03 и Кевин Де Брујне од 2019/20, што е историски момент за Премиер лигата.

Покрај рекордот на Фернандеш, натпреварот остана запаметен и по емотивното испраќање на Касемиро пред домашната публика.

Јунајтед ја запечати третата позиција на табелата, зад екипите на Арсенал и Манчестер Сити кои се борат за шампионскиот трофеј.