Лионел Меси повторно ја покажа својата магија и донесе голема победа за Интер Мајами против Синсинати со резултат 5:3. Аргентинецот постигна два гола и запиша асистенција, со што директно учествуваше во три погодоци.

Меси го отвори резултатот во 24-та минута, а во 55-тата повторно беше прецизен, по додавање од Луис Суарез. Во завршницата Аргентинецот уште еднаш ја затресе противничката мрежа. По неговиот удар топката заврши во стативата, па се одби од домашниот голман, а МЛС реши дека тоа сепак било автогол, а не погодок на Меси.

Со овие два гола Меси стигна до 12 погодоци во сезоната и е втор стрелец во лигата. Тој веќе има 61 гол и 42 асистенции во 65 натпревари од регуларната сезона.

Интер Мајами со Меси како лидер покажа неверојатна моќ во нападот и ја продолжи својата доминација во МЛС. Тимот од Флорида е втор на табелата, со два бода помалку од лидерот Нешвил и три повеќе од трето рангираниот Њу Ингланд.