Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска има настап во квалификациите за Светското првенство 20927-ма. Македонските ракометари се во Прешов каде попладнево ќе го играат првиот бараж дуел против селекцијата на Словачка.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, а ги има на располагање 20-мина, важат за фаворити во овој двомеч со Словаците.
Ова пред се поради реномето и континуитетот што Македонија го има на големите натпреварувања. Црвено-жолтите го бркаат осмото по ред Светско првенство, а вкупно десетто. Противникот Словачка досега има само два настапи и тоа на Мундијалите 2009 и 2011 година.
Денешниот ќе биде и прв натпревар меѓу овие две селекции.
„Словачка е голема непознаница за нас никогаш не сме играле против нив, па натпреварот секако ќе биде тежок и незгоден затоа што играме на гостински терен. Ние се подготвуваме и верувам дека сме на потребното ниво, очекувам добар натпревар.
Големите натпреварувања кои ги имаме зад нас ни го даваат тоа право да очекуваме добар и позитивен резултат. Но, без разлика на резултатот утре нема ништо да биде решено, ова е само едно полувреме од двомечот, ние ќе го дадеме нашиот максимум да одиграме онака како што знаеме и да извлечеме позитивен реузлтат“, изјави Митревски.
Натпреварот што ќе се игра во „Татран Арена“ ќе почне од 19 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇.
Реваншот е за два дена во сабота, во СЦ „Борис Трајковски“ во истиот термин 19 часот.



































