Кошаркарите на Пелистер се изборија за трети решавачки полуфинале натпревар против МЗТ Скопје Аеродром.
На дуелот број 2 одигран вечерва во Битола, пелистерци славеа победа со 81-76 и го израмнија резултатот на 1:1 во победи.
По израмнетата прва четвртина во која домаќините за само еден поен беа подобри, во втората зелено-белите создадоа двоцифрена предност. На паузата меѓу двете полувремиња. Пелистер замина со +13 ( 46-33). Долго време Пелистер им ја имаше таа двоцифрена предност, но аеродромци успеа сето тоа да го надополнат.
Во самиот финиш на третиот квартал сино-белите израмнија на 58-58. Сепак. Пелистер во последните 10 минути влезе со позитивен од пет поени. ,,Љубоморно” избраниците на Борче Даскаловски ја одржуваа таа предност, па има во еден миг и двоцифрен. На крајот сосема заслужена Пелистер стигна до триумф со конечни 81-76.
Џенкинс беше нерешено енигма за актуелниот првак. Американецот од редовите на Пелистер натпреварот го заврши како најефикасен со 31 постигнат поен. На спротивната страна Танасковиќ за малку не дојде до дабл-дабл ефект. Србинот натпреварот го заврши со 22 поени на кои додаде и девет скокови.
Решавачкиот трет натпревар за влез во финалето, МЗТ и Пелистер ќе го играат во Скопје, во среда на 11 мај.
































