Македонскиот вицепрвак тимот на ТФТ вечерва го чека еден од најважните натпревари. Составот од скопско Тафталиџе ќе го игра реванш дуелот во баражот за пласман АБА1 лигата.
Убедливиот пораз на првиот натпревар во Чачак, нема да ги поколеба избраниците на Боро Смилковски. Тренерот на ТФТ верува дека неговиот тим ќе одигра далеку поквалитетен натпревар.
“Овее неколку дена ги поминавме во физичка рекуперација и очекуваме дека ке бидеме во можност енергетски да го дадеме својот максимум.
Верувам во подобро насе издание пред домашната публика.
Нé очекуваат два важни натпревари од АБА и домашното првенство кои во целост можат да ни ја одредат наѓата сезона.
Свесни и со позитивен пристап ќе го дадеме нашиот максимум во обид да дојдеме до позитивен резултат“, изјави Смилковски.
Дуелот со императив ,,да се биде или не” ќе се игра во салата „Лазар Лечиќ’ во скопскиот градски парк.
Натпреварот ќе почне во терминот од 21 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇
































