Охрид деновиве живее за ракометот, но така впрочем е и во текот на целата сезона. Охриѓани со нетрпение го чекаат денешниот натпревар против словенечкиот тим Целје во полуфиналето на Европскиот куп.
Салата „Билјанини извори“ ќе биде претесна да си собере сите љубители на ракометот, на вечерашниот меч. Картите за реванш дуелот се одамна распродадени, па охридските ракометари сигурно ќе имаат голем поддршка од навивачите.
Шансата да се обезбеди европско финале е огромна, а со тоа и можноста да се испише уште една убава страна во клупската историја на овој ракометен клуб. За да се случи тоа, избраниците на Ројевиќ ќе треба да победат со два гола разлика. На првиот меч во Словенија, охриѓани загубија со еден (26-27).
Но, задачата нема да биде ни малку лесна. Свесни се во таборот на ГРК Охрид, па затоа од самиот почеток се до крајот ќе мора да се одигра максимално ангажирано.
„Подготвени сме да дадеме максимум.
Веруваме дека заедно со публиката, чија енергија ни е многу потребна, можеме да ја анулираме предноста на противникот и да оствариме историски влез во финалето,
порача тренерот Ројевиќ.
Атмосферата уште од утринските часови, полека се подгрева, а дополнително тоа ќе загреа, во „фан-зоната“. Имено пред салата „Билјанини извори“ од 16.30 часот ќе биде отворен и „фан-шоп “каде ќе може да се набавите навивачките реквизити од ГРК Охрид.
Натпреварот Охрид – Целје ќе почне од 19 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇
Победникот ќе обезбеди пласман во финалето. Таму кое за противник ќе ја има унгарската екипа на Татабања за која настапува макеоднскиот репрезентативец Филип Талески.





























