Репрезентациите на Полска и Германија се првите патници во четвртфиналето на Европското првенство во одбојка. Тоа ќе биде и првиот четвртфинален пар на шампионатот. Тоа е исходот по двата осминафинални дуели одиграни во Софија.
Полска одбојкари рутински ја совладаа Летонија со максимални 3:0 во сетови.
Актуелниот европски шампион Полска уште од самиот почеток ја оправда фаворитската улога и наметна високо темпо на игра. Првиот сет го доби со убедливи 25:17, по што комплетно ја контролираше ситуацијата на теренот. Летонија немаше решение за силниот сервис и блокадата на противникот, па следните два сета завршија со идентични 25:16 за конечен триумф.
Германија во драматичен меч по пет сета ја елиминираше Бугарија со 3:2.
Ко-домаќините на првенството, Бугарите одлично го отворија мечот и поведоа со 2:0 по сетови откако ги добија првите два дела со по 25:21. Сепак, германските одбојкари покажаа карактер, го израмнија резултатот со 25:19 и 25:23, а во одлучувачкиот тај-брејк славеа со 15:12.
Со овие победи Полска и Германија закажана меѓусебен дуел во четвртфиналето, за кое утре ќе добиеме уште два пара. .
Осмина-финале
Сабота, 19 септември
Полска – Латвија 3:0
Германија – Бугарија 3:2
Недела, 20 септември
Софија, 15:00 Украина – Романија
Торино, 16:00 Финска – Грција
Софија, 18:00 Франција – Португалија
Торино, 21:00 Италија – Данска
Понеделник, 21 септември
Торино, 16:00 Белгија – Чешка
Торино, 21:00 Словенија – Србија
Четврт-финале
ПОЛСКА – ГЕРМАНИЈА
Финска – Грција – Италија/Данска
Украина/Романија – Франција/Португалија
Белгија/Чешка – Словенија/Србија


































