Ракометарите на Охрид својата успешна приказна, на европската сцена, може да ја заокружат на најдобар можен начин.
Охриѓани ќе се борат за првиот трофеј во клупската историја и тоа оној во ЕХФ Европскиот куп. Тие ќе имаат можност да го подигнат трофејот пред своите навивачи.
На патот на најголемиот успех на охридските ракометари им стои унгарската екипа Татабања, која е нивни противник во финалето.
Денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ, одреди првиот финален натпревар да се игра на теренот на противникот во Унгарија на 23 или 24 мај. Реванш натпреварот ќе се игра седум дена подоцна 30/31 мај во салата „Биљанини Извори“ во во Охрид.
Точните термини да одигрување на натпреварите дополнително ќе бидат одредени.



































