Шпанскиот првак Барселона ја продолжи победничката низа во Ла Лига. Каталонскиот тим ја совлада Севиља на гости со 1-3, за седмата победа во исто толку одиграни натпревари,
Неверојатниот Рафиња повторно беше незапирлив на теренот и со три погодоци сам го диригираше триумфот на каталонскиот гигант.

Домаќините први поведоа преку Фофана во 19. минута по една лоша реакција на противничката одбрана. Сепак, радоста на Андалузијците траеше кратко откако Рафиња брзо израмни на 1:1 по асистенција на Кристенсен.
Во второто полувреме Барселона целосно го скрши отпорот на андалузискиот тим со фуриозна игра. Бразилецот донесе пресврт во 52.минута, а потоа по додавањето на Ламин Јамал во 69.минута ги постави конечните 3:1.
Рафиња игра во животна форма и влезе во историски ритам, запишувајќи втор хет-трик во рок од само три дена. Тој постигна три гола во победата на Барса над Расинг Сантандер со 7-2.



































