Со двата натпревари одиграни попладнево во Кратово и Гостивар, беше отворено 8 коло во Првата лига
Дербито на оваа рунда се играше во Кратово каде Силекс го пречека кавадаречки Тиквеш заврши без постигнат гол 0-0.
Првиот дел мина во борбена игра во која двата има имаа повремени напади кон противничкиот гол, но без вистински шанси за отворање на резултатот. Единствената посериозна закана во 25.минута, ја упати Бразилецот, Ренатињо, но домашниот голман Љупче Џеков одлично интервенираше. По ист терк мина и вториот дел, без возбудувања и големи шанси. Затоа конечниот резултат остана и оној почетниот 0-0.
Лидерот на табелата тетовска Шкендија ја прекина низата од два натпревари без победа. Шкендија попладнево во Гостивар го совлада претпоследно рангираниот тим на Башкими со 4:1.
Во воведните пет минути тетовци имаа три идеали шанси за водство, но 18-годишниот гостинскиот голман Алију беше несовладлив. Сепак во 17.минута тој беше немоќен да го спречи погодокот на Нзенгуе, по одличната асистенција на Тамба, за водство на Шкендија од 1-0. Но гостите од Куманово не се предаваат. Во 41.минута по еден прекин заспаноста на тетовската одбрана ја казни Исмаили за израмнување на 1-1 . Она што го спаси на почетокот на натпреварот голманот Алију го ,,прокоцка” во финишот на првиот дел. Се играше втората минута од дополнувањето кога неговата несигурност ја казни искусниот Криезеу за водство на Шкендија од 2-1. И во второто полувреме вицепрвакот Шкендија продолжи да напаѓа кон голот на кумановци. Тоа конечно вроди со плод во 71.минута кога Тамба зголеми на 3.1. конечниот резултат на натпреварот беше поставен во 88-та минута кога Трумчи погоди за 4-1.
По еден ќе се играат утре (сабота), понеделник и во среда кога ќе биде комплетирано ова коло.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|































