Првакот Вардар ја запиша четвтата победа во Првата македонска фудбалска лига. Во дуелот од 8.коло одигран на теренот крај ФФМ, Вардар ја совлада Шкендија Арачиново со 2-0. Со тоа шампионот ја прекина низата од три победи на арачиновци.

Отворен фудбал одиграа двете екипи во првото полувреме во кое создадоа повеќе изгледни шанси. Сепак на паузата се замина со почетниот резултат 0-0, пред се благодарение на одличните одбрани на двајцата голмани.

Првата шанса ја видовме пред голот на вардарци кога Нухија беше за неколку сантиметри крај голот на Талески. На спротивната страна многу среќа имаа гостите во 12.минута, кога ударот на Бабунски заврши во стативата од голот на арачиновци. Дека гостите не се дојдени да се бранат, потврдија со нивната нова шанса во 18.минута. Обидот на Фазлагиќ кој изби сам пред Талески вардаровиот голман успеа да го одбрани. И неговиот колега на спротивната страна Столевски се истакна со одлична одбрана по обидот на Омерагиќ. До крајот на првиот дел уште по две големи шанси, но резултатот остана почетниот 0-0.

На стартот на второто полувреме, по само две минути игра (47), грешката на гостинската одбрана ја казни Бобан Николов, за водство на Вардар од 1-0. Првакот Вардар, односно Закариќ имаше голема можност да ја удвои предноста, но неговиот обид со глава заврши во пречката. Сепак босанскиот интернационалец не згреши во 69.минута кога ја затресе мрежата на гостите и ги постави конечните 2-0 за Вардар.

Со оваа победа и трите нови бодови, а вкупно 14, колку што има и Струга ТЛ, Вардар се проби на третото место на табелата. Лидерот тетовска Шкендија има пет бода повеќе.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање