Кошаркарите на Црвена Ѕвезда го добија така нареченото „братско“ дерби со лидерот на Евролигата Олимпијакос со резултат од 87-79 .
Кошаркарите на Душко Ивановиќ се изборија за голема победа на домашен терен.
По лошо отворената прва четвртина во која Олимпијакос имаше дури и 11 поени предност (19-30), се понатаму одеше во полза на црвено-белите од Белград па, на полувреме заминаа со резултат од 45-47. Во второто полувреме Црвена Звезда беше премногу доминантна, постојано го контролираше резултатот, ги доби двете четвртини, па на крајот заслужено се радуваше на победата.
Факундо Кампацо и Џон Холанд беа најефикасни кај Звезда со 20 и 17 поени додека на другата страна се истакна Саша Везенков со 16 поени.
Со овој пораз Олимпијакос им даде шанса на Реал Мадрид и Барселона да го преземат првото место на табелата во регуларниот дел на Евролигата, во која останува само уште една рунда.