Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија 🇲🇰 Јошко Миленкоски го објави поширокиот список на одбојкари во пресрет на почетокот на подготовките за настапот во Европската лига 2026.
За Јован Милев, Митко Спасов и Филип Јованов ова е прв повик во сениорскиот националниот тим.

Најдобрите одбојкари првиот собир да го имаат на 6 мај во Крушево.
Учеството во Европската лига 2026 за Македонија има двојно значење. Тоа е прв дел од квалификацискиот циклус за континенталниот собир во 2028 година. Истовремено ова ќе биде и прв дел од подготовките за настапот на Европското првенство 2026 во септември во Софија.

































