Одбојкарите на Штип УГД и Борец вечерва ќе го играат третиот натпревар од финалната сезоја во плеј-офот.
Дуелот што ќе се игра во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, може да биде историски за домашниот тим. Штипјани се пред освојување на првиот шампионски трофеј. Тие веќе имаат предност од 2:0 во победи во серијата што се игра на три добиени меча. Доколку и вечерва го совладаат Борец ќе ја заокружат сезоната со двојна „круна“. Тимот на Штип УГД веќе го освои трофејот во Купот, а сега го посакува првиот шампионски.
Велешани ќе имаат тепка задача против фаворитот. Одбојкарите на Борец ќе мора да се надминат себеси доколку сакаат да ја продолжат финалната серија.
Борба за секоја топка сигурно ќе има, а како сето тоа ќе изгледа на теренот останува да видиме. Денешниот дуел Штип УГД – Борец ќе почне од 19 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇



























