Третата рунда од ТОП-6 сегментот на машката кошаркарска Супер лига ќе биде заокружена денеска. Тоа ќе се случи со дерби натпреварот што ќе се игра во салата „Боро Чурлевски “во Битола.
Екипата на битолски Пелистер е домаќин на скопскиот состав на ТФТ. Ова е меч на трето и второ пласираните екипи на табелата во моментов. Пелистерци заостануваат пет бодови во однос на водечкиот тандем МЗТ и ТФТ. Сепак, зелено-белите се сигурни учесници во полуфиналето на плеј-офот. Тие имаат две победи повеќе од четврто пласираниот Маџари, а до крајот на ТОП-6 фазата ќе останат уште две кола.
Тимот на ТФТ во вечерашниот дуел влегува по поразот од Широки во првиот финален меч од АБА2 лигата, а веќе во среда ќе го игра реваншот. Во меѓувреме ТФТ ќе треба да го одигра и натпреварот со Маџари од претпоследното коло. Згуснасниот распоред и тешките натпревари за избраниците на Боро Смилковски сигурно се најголемиот противник. Покрај борбата за прволигашката АБА конкуренција, ТФТ сигурно сака да го сочува и првото место на суперлигашката табела, пред стартот на разигрувањето.
Како тоа ќе го менаџира Смилковски и тимот на ТФТ останува да се види.
Денешното дерби ќе почне од 19 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇



























