Македонскиот вицешампион ТФТ веќе направи историски клупски успех во регионалната кошаркарска АБА2 лига. Тимот од скопско Тафталиџе е во самата завршница, финалето, па сега го чека борба за елитната АБА конкуренција.

Вечерва кошаркарите на ТФТ ќе го играат првиот натпревар против босанскиот состав на Широки, во серијата која се игра до две победи.

„Нé  очекува исклучително тежок предизвик против противник кој игра модерна и одлична кошарка. Потребна ни е голема концентрација и внимание на деталите, посебно во дефанзивната транзиција во обид да не дозволиме лесни поени на противникот.

Свесни сме за нашиот своевиден моментум на добри игри и резултати нешто сто ја подига нашата самодоверба во ова финале. Сигурен сум дека ќе го дадеме нашиот максимум во обид да дојдеме до позитивен резултат“, истакна тренерот Боро Смилковски. 

И  Виктор Ташовски кој игра во фантастична форма, свесен е дека задачата нема да биде ни малку лесна.  Сепак, одличниот бек верува дека ТФТ може да ја заокружи успешната приказна. 

„Широки е одлична екипа и игра одлична кошарка. Ќе дадеме се од себе да го крунисаме пласманот во финалето со титула и пласман во аба 1.

Очекувам интересно и возбудливо финале и нека победи подобриот“, вели Ташовски. 

Првиот натпревар Широки и ТФТ ќе го играат вечерва со почеток од 20.30 часот, а ќе може ДА ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇