Денеска ќе се играат првите полуфинални натпревари во фудбалскиот Купот на Македониј. Прволигашите Силекс и тетовска Шкендија влегуваат како големи фаворити против изненадувањата од Втората лига.

Екипата на Силекс гостува кај Охрид Лихнидос со желба за ново финаче. Кратовци досега имаат освоено три трофеи во Купот, а последната радост беше во 2021 година со победата над Академија Пандев. Последното финале Силекс го одигра во 2022 година кога по пенали загуби од тимот на Македонија Ѓорче Петров во Скопје.

Охриѓани се надеваат на ново изненадување, како што тоа беше елиминацијата на ланскиот куп победник Вардар. Дуелот Охрид – Силекс ќе почне во терминот од 12 часот.


Два часа подоцна (14) во Тетово ќе се одигра интересна пресметка помеѓу два клуба со исто име каде Шкендија. Тетовската, актуелниот шампион е апсолутен фаворит против онаа од Арачиново кој игра во Втората лига.

Тетовските „црвено-црни“ во своите витрини имаат две титули од Купот на Македонија освоени во сезоните 2015/16 и 2017/18 против екипата на Пелистер. Последен пат Шкендија играше во финалето во 2023 година, кое го загуби на пенали од Македонија ЃП.

Двата натпревари ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇

Реванш натпреварите ќе се играта на 6 мај.