Возбудувањата во ТОП 6 сегментот на кошаркарската Супер лига денеска носи дуел од 3.коло кој може да решава за плеј-офот.

Попладнево може да ја добиеме последната екипа во битката за шампионскиот пехар. ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер веќе го осигураа своето место во големата завршница.

Сега фокусот е насочен кон пресметката меѓу екипите на Маџари и Кожув за четвртата позиција. Овој директен дуел ќе одреди кој тим ќе им се придружи на фаворитите во полуфиналето.

Дебитантот, Маџари влегува во овој клучен натпревар со една победа повеќе од својот ривал од Гевгелија. Дополнителен „ветер во грб“ за домашниот состав ќе биде поддршката од трибините во салата ОУ „Наум Наумовски – Борче“.

Доколку слави екипата на Маџари, сите дилеми околу патникот во плеј-офот ќе бидат официјално решени. Победа за домашните значи историски пласман меѓу најдобрите четири екипи уште во нивната дебитантска сезона. Од друга страна, Кожув во Скопје доаѓа по својата последна шанса за пресврт во шампионатот. Триумф на гостите од Гевгелија целосно ќе ја отвори трката за четвртото место во преостанатите две кола. Со евентуална победа, Кожув ќе се изедначи со Маџари и ќе ја врати неизвесноста во првенството.

Дали Маџари ќе стави точка на дилемите или Кожув ќе приреди изненадување на гостински терен, одговорот го очекуваме по завршувањето на четириесетте минути.

Натпреварот започнува во 17 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇