Одиграни се првите два полуфинални натпревари во машката кошаркарска Прва лига. Екипите на Бутел и Струмица поведоа со 1:0 во победи против Соколи и Борец.
Скопската екипа вечерва во Штип направи „брејк“ и славеше во дуелот со Соколи со 69-76. Од самиот почеток бутелчани беа оние кои ја наметнаа својата игра и во најголемиот дел водеа со двоцифрена предност. Домашниот состав се врати во игра во завршните пет минути, но немаа Соколите сили за комплетен пресврт. Бутел сега е на чекор до финале, бидејќи покрај предноста од 1:0 во победи, реваншот ќе го игра на домашен терен.
Предност од 1:0 во победи има и екипата на Струмица во дуелот со Бутел. И на тој натпревар победникот постојано беше во предност. Сепак мора да се истакне и очајната арбитража на овој натпревар. Така речиси комплетната стартна петорка на велешани предвреме со 5 лични грешки го заврши натпреварот уште во третиот период. И во таква една игра Струмичани победија само со 12 поени разлика (77-65).
Реванш дуелот во Велес како и оној во Скопје на програмата се во среда (22 април). Пласман во финалето ќе обезбеди екипата која ќе оствари две победи.
Потсетување дека во Супер лигата има место само за шампионот од Првата лига.


































