Групната фаза во кошаркарската Супер лига е на самиот крај. Денеска ќе се одиграат натпреварите од последното 22.коло и тоа сите во ист термин. Ова со цел да се задржи регуларноста, а во борбата на екипите за пласман во плеј-оф конкуренцијата.
Познати се три тима што ќе продолжат во борбата за титулата, ТФТ, МЗТ Скопје и Пелистер. За таа конкуренција остануваат уште три слободни места за кои претендираат пет тима.
Екипите на Маџари, Кожув со победа повеќе (11-10), влегуваат во денешните дуели. Со евентуални победи, тие ќе го потврдат својот пласман во плеј-оф конкуренцијата. Нивни „киксови“ ќе чекаат три тима, од Куманово, Тиквеш и Чаир (10-11), за да вбројот меѓу шесте најдобри.
Иако е јасно дека Работички и Феникс веќе ги загубија шансите за плеј-оф конкуренцијата, и за нив бодовите се вани, за подобра стартна позиција во разигрувањето за опстанок, во кое ќе бидат и Гостивар и Ангели.
Сите натпревар од последното 22.коло ќе почнат од 18 часот, а ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – последно 22 КОЛО
Недела 18 часот
МАЏАРИ – АНГЕЛИ
РАБОТНИЧКИ – МКК КУМАНОВО
ТИКВЕШ – ТФТ
ЧАИР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
КОЖУВ – ПЕЛИСТЕР

































