Ноќта во НБА лигата, минаа во знакот на дебрито во Оклахома и индивидуалните настапи на Шај Гилгиус-Александер и Виктор Вембањама.

Актуелниот шампион Оклахома Сити по продолжение го победи Детроит со 114-100 во дуелот на двете најдобри екипи во лигата.

Минатогодишниот МВП и еден од кандидатите за ова признание и годинава Шај Гилгиус-Александере повторно блескаше. Канаѓанецот постигна 47 поени на кои додаде пет скокови и три асистенции. Оклахома ја впиша 60-тата победа, а Пистонси го претрпеа 21 пораз.

Сан Антонио Спарс ја освоија својата деветта победа по ред, победувајќи ги Чикаго Булс со 129-114.

Виктор Вембањама го оствари најбрзиот дабл-дабл во историјата на НБА. Младиот Французин имаше 10 поени и 10 скока во првите 8 минути и 31 секунда на теренот. Вембањама натпреварот го заврши со 41 поен и 16 скока.

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс влегува во фантастична форма пред стартот на плеј-офот. Лејкерски без суспендираниот Лука Дончиќ го совладаа Вашингтон со 120-101.

До 11-тата победа на последните 12 одиграни натпревари „езерџиите“ ги предводеше Леброн Џејмс со трипл-дабл. Тој натпреварот го заврши со 21 поени 12 асистенции и 10 скокови.