Двајца од тројцата главни претенденти за признанието МВП во НБА лигата, продолжуваат со фантастични игри.
Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ ја прекина низата на тројни ефект во НБА натпреварите. На Србоинот ноќеска му фалеа две асистенции за тоа, па заврши со дабл-дабл.
Никола Јокиќ имаше 25 поени, 15 скока и осум асистенции во победата на Денвер над Голден Стејт со 116-93. Во шестата победа по ред за Нагетс, свој придонес имаше и Џамал Мареј имаше 20 поен.
Брендин Подзиемски и Кристапс Порзингис постигнаа по 23 поени за Голден Стејт, кој продолжи да игра без Стефен Кари, кој го пропушти својот 25-ти натпревар.
Брендин Подзиемски и Кристапс Порзингис постигнаа по 23 поени за Голден Стејт, кој продолжи да игра без Стефен Кари.
Актуелниот МВП од лани Шај Гилгиус-Александер беше предводник на шампионот Оклахома Сити во новата победа, оваа над Њујорк Никс со 111-100.
Пај натпреварот го заврши со 30 поени, на кои додаде 4 асистенции и 3 скока. Тандерси ја остварија 59-тата победа и сеуште имаат три повеќе од Денвер во трката за првото место на западот.

































