Фудбалерите на Челзи и на Ливерпул и во четвртиот меѓусебен натпреар во низа одиграа без голови 0:0. Оваа сезона во Премиер лигата двата дуела завршија без голови, како и ланските финални дуели во англиските купови.

Инаку, ова беше одложениот дуел од 8.коло. Двете полувремиња имаа сличен тек, Челзи подобро почнуваше, Ливерпул воспоставуваше рамнотежа и иницијатива, но без конкретни шанси за гол. На денешниот дуел менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се реши на направи повеќе измени, па така во стартните 11 ги немаше Салах, Ван Дајк, Трент, Робертсон.

За одбележување од натпреварот е и тоа што играчите на Челзи постигнаа два гола по еден во секор полувреме, но беа поништени. Првиот на Рис Џејмс поради офсајд (прво полувреме) и Каи Хаверц поради игра со рака (второ полувреме).

Вечерва се одиграа уште три одложени натпревари во Премиер лигата. Брајтон уште еднаш покажа дека е незгоден гостин и славеше против Бурнему со 2:0. Лидс со пресврт го победи Нотингем Форест со 2:1, а гостинска победа славеше и Астон Вила против Лестер со 2:1.