Двата најголеми ривали во Италија, Јувентус и Интер одиграа 1-1 во првиот натпревар во полуфиналето на Италијанскиот куп.

Многу трчање, дуели и тактично надмудрување, без премногу шанси, типично италијански натпревар одиграа избраниците на Инзаги и Алегри.

Јувентус прв се закани преку Ди Марија, но неговиот шут заврши неколку сантиметри покрај левата статива.
Првата голема шанса за Интер ја имаше Мкитрјан во 65-тата минута кога промаши чист зицер.

Најголемата шанса за Јувентус дојде во 83-тата минута која Хуан Квадрадо ја претвори во гол.

Делуваше дека Јувентус со предност ќе замине на реванш натпреварот во Милано, но невнимателност на дефанзивецот Бремер, кој во самиот финиш играше со рака во својот шеснаесетник, му даде можност на Лукако од пенал да го изедначи резултатот.

Белгиецот беше непогрешлив со што ги постави конечните 1-1.

По крајот на мечот страстите зовреа, па стрелците Квадрадо и Лукако, како и голманот Хандановиќ заработија црвени картони (ВИДЕО).

Реванш натпреварот се игра на „Џузепе Меаца“ на 26 април