Екипата на Ајнтрахт е првиот полуфиналист во германскиот куп.
Во првиот меч од четвртфиналната рунда одигра во Франкфурт, домаќините славеа победа со 2-0 во дуелот со Унион Берлин и се пласираа меѓу четирите најдобри.
Творци на оваа победа на Ајнтрахт беа Французинот, Коло Муани кој ги постигна двата гола по асистенциите на Марио Геце.
Целата работа домаќините ја завршија за само две минути и тоа на почетокот на мечот во 11-тата и 13-тата минута.
Вечерва ќе го дознаеме и вториот полуфиналист откако во Минхен ќе се одигра дуелот меѓу Баерн и Фрајбург, додека утре на програмата се другите два четвртфинални натпревари Нинберг – Шалке и Лајпциг – Борусија Дортмунд.





































