Кошаркарките на Струга му го земаа „скалпот“ на составот на Крива паланка во првиот натпревар од четвртфиналето.

Иако многумина ги сметаа за аутсајдерки, сепак стружанки на најдобар можен начин го демантираа тоа.

Домашните кошаркарки го добија првото полувреме со пет разлика (44:39), но во второто гостинската екипа беше онаа што одигра многу подобро па на крајот сосема заслужено се радуваше на победа со конечни 77-69, за водство од 1:0 во серијата подобар до две победи.

Шансата за место меѓу четирите најдобри стружанки ќе ја имаат на домашен терен веќе претстојниот викенд.

ПЛЕЈ-ОФ ЧЕТВРТФИНАЛЕ ПРВ НАТПРЕВАР
ВТОРНИК
(3) КРИВА ПАЛАНКА – (6) СТРУГА 69-77 (0-1 во победи)
СРЕДА
(1) БАСКЕТ КАМ – (8) ПРОБАСКЕТ 17:00 часот
(4) ВАРДАР – (5) МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 18:30 часот
(2) БАДЕЛ – (7) ГРИЗЛИ 20:00 часот