Познати се сите осум екипи кои ќе продолжат во летвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони.

Екипите на минхенски Баерн и Атлетико Мадрид само го потврдија своето учество во фазата на Топ-8. Затоа пак, Ливерпул иако имаше негатива од еден гол во мечот против Галатасарај, на убедлив начин стигнат од четвртфиналето.

Вечерва на ,,Енфил” пред своите симпатизери Ливерпул го совлада турскиот Галатасарај со 4-0. Стрелци на головите беа Собослај (35.минута), Екитике (52), Гравенберх (56) и Салах (62), кој во првиот дел од промаши пенал. За египетскиот фудбалер тоа беше негов 50-ти погодок.

До бројката од 50џ а потоа и 51 стигна и Англичанецот, Хари Кејн. Toj беше двоен стрелец убедливиот триумф на минхенски Баерн над Аталанта со 4-1. Германскиот тим вторпат ја торпедира италијанската екипа, која на гости во Бергамо, ја совлада со 6-1.

Кејн со својот 50-ти јубилеен гол во Лигата на шампионите го отвори и резултатот во 25.минута, а во 54-тата зголемена 2-0. Во продолжението следува уште два гола германскиот тим и тоа преку Ксрл (56) и Луис Дијаз (70). Почесниот гол за аталанта го постигна србинот Самарџиќ (86).

Шпанскиот тим Атлетико Мадрид иако загуби на гостувањето кај тотенхем со 3-2 сепак продолжува понатаму. Тоа благодарение на победата на првиот меч одигран во мадрид која атлетико го доби убедливо со 5-2.

Атлетико за противник во четвртфиналето ќе го има шпанскиот ривал Барселона. Каталонскиот тим во првиот денешен меч го декласира Њукасл со 7-2.

Првите четвртфинални дуели на програмата се на 7 и 8 април, а реванш дуелите седум дена подоцна.