Во Првата машка кошаркарска лига, викендов на програмата се натпреварите од петтото плеј-оф коло. Четирите водечки екипи играат против оние од, од долниот втор дел од табелата. Тие важат за фаворити, ако се земе в предвид дека викендов се во улога на домаќини.
Возбудувањата стартуваат со дуелот во Струмица закажан за сабота. Во него еден од ко-лидерите на табелата, Струмица 2001 го пречекува скопски Вардар.
Два часа подоцна, во Велес, ќе играат екипите на Борец баскет и на Водно санс. Саботната програма ќе биде затворена со дуелот во Бутел, каде од 18.30 часот, гостува прилепски Мега баскет.
Во недела, од 18.часот, во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, ќе играат екипите на Соколи 1933 и Охрид.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) TОП 8 – ПЛЕЈОФ
5 коло
Сабота 14 март
15.00 СТРУМИЦА ФМП – ВАРДАР
17.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – ВОДНО САНС
18.30 БУТЕЛ – МЕГА БАСКЕТ
Недела 15 март
18.00 СОКОЛИ – ОХРИД
ТАБЕЛА
1.Бутел 17 бодови 76-3 победи-порази)
2.Соколи 17 (7-3)
3.Струмица ФМП 17 (7-3)
4.Борец баскет 17 (7-3)
5.Мега баскет 14 (4-6)
6.Вардар 14 (4-6)
7.Водно санс 12 (2-8)
8.Охрид 12 (2-8)



































