Распоредот на натпреварите во ракометната Супер лига – плејоф во 2.коло одреди да се играат три дерби дуели.

Првиот на програмата е попладнево во Охрид. Истоимената домашна екипа го пречекува актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот куп Алкалоид.

Во моментов охриѓани се на третата позиција со четири бодови предност пред тимот на Кирил Лазаров. Но, никогаш не треба да се отпишува ниту еден од екипите кои се на врвот на табелата, а најмалку Алкалоид. Охрид со евентуална победа и пораз на првакот Еурофарм Пелистер утре може да се пробие и на второто место на табелата. Почетокот на дуелот Охрид – Алкалоид е во 18 часот.

Големото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра утре од 19 часот, а како најава е третиот дуел од оваа рунда дуелот меѓу Бутел – Тиквеш (се игра недела 18 часот). Бутел и Тиквеш имаат по 22 бода и нивните меѓусебни натпревари ќе го решаваат прашањето за петтото место на табелата.

Од плеј-аут лигата вчера Пролет ја совлада Струга со 31:25, а денеска се играат дуелите Е.Пелистер 2 – Радовиш (почеток 12 часот) и Прилеп – МРК Куманово (почеток 18:30 часот).

Дерби натпреварите од Охрид и Битола, ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇