Ракометниот првак на Македонија, Еурофарм Пелистер вечерва ќе го игра последниот натпревар сезонава во Лигата на шампионите.
Во натпревар од последното 14.коло во Б групата, пелистерци му гостуваат на лидерот Барселона.
Иако пред себе ќе го имаат еден од главните фаворити за трофејот, сепак битолчани во овој дуел ќе влезат мотивирани. Ова особено по минатонеделниот нерешен резултат против Париз Сен Жермен.
Сепак, примарна цел на дуелот со Барса за зелено-белите ќе биде да ја одржат формата, пред неделното големо македонско дерби со Вардар. Без Домен Тајник кој ќе ги пропушти натпреварите, тренерот Алушовски ќе треба да подготви тактика за двата меча.
Барселона пак не сака да ја испушти шансата да заврши како прво рангирана во групата. Каталонскиот тим по победата над актуелниот европски првак Магдебург има бод повеќе од германскиот тим.
Вечерашниот натпревар меѓу Барселона и Еурофарм Пелистер ќе се игра во терминот од 20.45 часот.





































