Кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го играа можеби најважниот натпревар во АБА2 лигата.
Аеродромци вечерва му гостуваат на на тимот Широки брјег во последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната.
Сино-белите од аеродром се на единаесеттата позиција на табелата, со победа помалку од позициите кои водат во разигрувањето односно плејофот. Избраниците на тренерот Васко Атанасовски ќе мора да забележат победа и тоа е можно со поголема разлика, доколку сакаат во следната фаза.
„Свесни сме дека се наоѓаме пред голем императив да победиме на теренот на една од најдобрите екипи сезонава во АБА2, а згора на тоа триумфот да биде максимално убедлив.
Секако дека нема однапред да се предадеме, туку ќе играме максимално борбено и фокусирано до последниот звук на сирената.
Ќе дадеме се од себе да дојдеме до бодовите со потребната разлика за да се пласираме во плејофот, а дали ќе успееме во тоа ќе покажат 40-те минути од овој натпревар“, вели тренерот Атанасов.
Тоа за аеродромци е дополнителен притисок имајќи во предвид дека за противник го имаат еден од најдобрите тимови во лигата.
Вечерашниот натпревар меѓу Широки бријег и МЗТ Скопје Аеродром што ќе си игра во салата „Пецара“, ќе почне во терминот од 20 часот.





































