Со натпреварот во Истанбул во кој Галатасарај го пречекува Ливерпул, започнува „нокаут“ фазата во фудбалската Лига на шампиони.

Осминафиналната рунда носи и неколку интересни натпревари во кои фаворитите за највисок пласман играат и меѓусебно.

Таков е дуелот што утревечер ќе се игра во Мадрид каде Реал ќе го пречека Манчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола.

Но тоа не е единствената шпанско-англиска пресметка во осминафиналето, бидејќи ќе има и други две.

Тие ќе се играат вечерва, а во нив Њукасл е домаќин на Барселона, а во Мадрид кај Атлетико гостува Тотенхем. Овие два натпревари како и мечот во Бергамо меѓу Аталанта и минхенски Баерн ќе почнат во терминот од 21 часот.

Останатите четири дуели ќе се играат утревечер.

ЛИГАТ НА ШАМПИОНИ – 1/8 ФИНАЛЕ

Вторник
ГАЛАТАСАРАЈ – ЛИВЕРПУЛ 18.45 часот
ЊУКАСЛ – БАРСЕЛОНА 21 часот
АТАЛАНТА – БАЕРН МИНХЕН
АТЛЕТИКО МАДРИД – ТОТЕНХЕМ
Среда
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – АРСЕНАЛ 18.45 часот
РЕАЛ МАДРИД – МАНЧЕСТЕР СИТИ 21 часот
ПСЖ – ЧЕЛЗИ
БОДО ГЛИМТ – СПОРТИНГ ЛИСАБОН