Лидерот во ракометната Супер лига на Македонија, Вардар вечерва го игра последниот дуел од групата 3 од Лига Европа. „Црвено-црните“ гостуваат кај бундеслигашот Мелсунген.
Во моментов Вардар е првопласиран во групата со шест бодови и со подобра гол-разлика од денешниот противник, што значи дека со победа и со нерешен резултат македонскиот тим ќе остане на првата позиција.
Тоа водено значи и директен пласман во четвртфиналето (првопласираната екипа), додека вториот од групата ќе игра во осминафиналето (со третопласираниот од групата 4). Со евентуален пораз Вардар ќе остане на втората позиција бидејќи победникот од дуелот меѓу Бенфика и Кристијанстад нема да може да го мине македонскиот тим на табелата.
Двата дуела Мелсунген – Вардар и Бенфика – Кристијанстад се играа вечерва со почеток во 20:45 часот.




































