Женската ракометна репрезентација на Македонија попладнево го игра четвртиот натпревар во квалификациите за Европското првенство.

Натпреварот подобро го отвори селекцијата на Белгија која на стартот поведе со 2:0. Сепак, македонските ракометарки брзо се вратија во игра и израмнија на 3:3, а по краток период успеаја и да поведат со 6:5. Со одлична серија од 4:0 во 15-тата минута нашата репрезентација направи предност од 11:7.

До крајот на првото полувреме Македонија успешно ја одржуваше предноста, иако Белгија се обидуваше да се доближи во резултатот, па на пауза се замина со водство на нашата селекција од 17:14.

Во второто полувреме Белгија во 37-та минута успеа да ја намали разликата на само два гола (21:19). Сепак, македонските ракометарки повторно го презедоа целосно контролата и во 47-та минута се одлепија на +5 (26:21). Во продолжението македонските ракометарки беа подобриот противник и имаа целосна контрола врз играта и резултатот. Нашата репрезентација сигурно ја одржуваше предноста до самиот крај и заслужено триумфираше со 33:28.

Најефикасни од нашата репрезентација беа Јанкуловска Марија со осум погодоци, додека Стефановска, Кипријановска и Младеновска дадоа по шест гола.

Последните два натпревари, македонските ракометарки ќе ги играат во април (8 и 12) против Германија (дома) и Словенија (гости)

Ивона Кимовска