Младиот голман на Еурофарм Пелистер, Марко Кизиќ, како и секогаш е оптимист и верува во победа на својот тим без разлика на квалитетот на противникот.
Пелистерци утре го играат првиот четвртфинален дуел во СЕХА лигата, а противник е Татран Прешов, за кој Кизиќ вели дека се работи за исклучително квалитетот противник, кој има одличен состав.
„Се работи за квалитетен ривал, видовме што може Татран досега во СЕХА лигата. Ова е двомеч, нема многу време за подготвување, но верувам дека ќе сме доволно спремни. Нормално, како и на секој натпревар Еурофарм Пелистер оди на победа“, вели Кизиќ.
Дуелот во Битола е првиот од тридневната програма неделава во СЕХА конкуренцијата, која ќе продолжи и следната седмица кога ќе се играат реванш дуелите.
СЕХА ЧЕТВРТФИНАЛЕ – ПРВИ НАТПРЕВАРИ
Вторник, 4 април,
Еурофарм Пелистер – Татран Прешов 18:00 часот
Среда, 5 април,
Партизан – Веспрем 18:05 часот
Нексе – ППД Загреб 18:05 часот
Четврток, 6 април,
Вардар – Војводина 18:00 часот