Екипата на Силекс е третиот патник во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија.
Кратовци пред своите навивачи во четвртфиналето ја совладаа екипата на Детонит Плачковица со 3-0.
Силекс поведе преку Додев во 29-тата минута. Тоа беше резултат по првиот дел. Во вториот два нови гола постигнаа домаќините преку Ангелески во 64.минута и Португалецот, Пиреш шест минути подоцна (70).
Силекс за противник во полуфиналето ќе го има составот на Охрид кој вчера го елиминира бранителот на трофејот скопски Вардар.
Кој ќе биде противник арачиноска Шкендија ќе дознаеме по одигрувањето на дуелот меѓу Струга Трим Лум и тетовска Шкендија закажан за 18 март.


































