Деветте синоќепни натпревари во НБА лигата минаа во знакот на супер ефикасниот Денвер Нагетс кој постигна 157 поени.

Денвер предводени од брилијантниот Никола Јокиќ, го срушија рекордот на тимот на постигнати поени на гостински терен, победувајќи ги Портланд со неверојатни 157:103. Резултатот зборува многу, гостите имаа беспрекорна офанзивна вечер. На полувремето беше 82:53 за Нагетс, а победникот веќе беше решен.

Никола Јокиќ постигна 32 поени и девет скока, Џамал ​​Мареј додаде 25 поени, шест скока и шест асистенции, а единствениот играч со дабл-дабл беше Спенсер Џонс со десет поени и скока. За Блејзерсите, Џру Холидеј постигна 19 поени, а по 15 додадоа Дени Авдија (со осум скока, 13 асистенции) и Донован Клинган (девет скока).

Во градското дерби на Лос Анџелес, Лејкерс победија против Клиперс со 125:122.

Лејкерс водеа со 15 поени разлика во второто полувреме, но ја загубија таа предност, но сепак во финишот успеаја да се израдуваат. Хендикеп за Клиперс беше повредата на Кавај Ленард, кој не играше во последните пет минути од натпреварот.

Лука Дончиќ беше прво име на натпреварот со 38 поени и 11 асистенции, Остин Ривс постигна 29 поени, а Леброн Џејмс 13 поени со 11 асистенции. За Клиперсите, Леонард имаше 31 поен, Бенедикт Матурин имаше 26 поени и седум скока.

Следете нé на социјалните мрежи

НБА :
Портланд Треилблејзерс – Денвер Нагетс 103:157
Шарлот Хорнетс – Кливленд Кавалирс 113:118
Лос Анџелес Лејкерс – Лос Анџелес Клиперс 125:122
Оклахома Сити Тандер – Бруклин Нетс 105:86
Атланта Хокс – Мајами Хит 97:128
Минесота Тимбервулвс – Далас Маверикс 122:111
Мемфис Гризлис – Јута Џез 123:114
Њу Орлеанс Пеликанс – Милвоки Бакс 118:139
Вашингтон Визардс – Индијана Пејсерс 131:118