Втората фаза, ТОП-8, во Првата машка кошаркарска лига, која води во елитната дивизија станува многу интересна и неизвесна. По одигрувањето на 1.коло, шест екипи имаат ист „скор“, по 4 победи и 3 порази. Затоа, секоја победа во вториот круг ќе биде „злато“ вредна и важна за плеј-офот, за кој има места само за четирите најдобри.
Второто коло започнува денеска (сабота) од 20 часот, со натпреварот Струмица – Водно санс во салата „Никола Карев“.
Во недела се играат три меча. Од 18 часот, Бутел го дочекува Вардар во салата „Илија Хаџи Николов“. Ова е дуел на две екипи со идентичен скор 4-3 како и екипите на Соколи и Мега баскет. Тие својот меѓусебен натпревар ќе го играат во салата „Јордан Мијалков“ во Штип.
Во Велес, Борец баскет ќе биде домаќин на Охрид. За гостите кои се последни на табелата и заостануваат две победи зад конкуренцијата ова е меч со префикс „да се биде или не“. Велешани пак со победа ќе го одржат чекорот со тимовите кои претендираат за плеј-офот.
Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (на едно место заедно).
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) TОП 8 – 2 КОЛО
сабота 21. февруари
20.00: СТРУМИЦА – ВОДНО САНС
недела 22. февруари
18.00: БУТЕЛ – ВАРДАР
18.00: СОКОЛИ– МЕГА БАСКЕТ
18.00: БОРЕЦ БАСКЕТ – ОХРИД
ТАБЕЛА
1.Струмица ФМП 11 бодови (4-3 победи-порази)
2.Соколи 11 (4-3)
3.Бутел 11 (4-3)
4.Мега баскет 11 (4-3)
5.Вардар 11 (4-3)
6.Борец баскет 11 (4-3)
7.Водно санс 9 (2-5)
8.Охрид 9 (2-5)




































