Реал Мадрид со хет-трик на Бензема успеа лесно да го совлада Ваљадолид на „Сантијаго Бернабе“ со убедливи 6-0.
Домаќинот „голеадата“ ја започна со погодокот на младиот Родриго во 22-минута, кој по одлична топка од Асенсио успеа да го матира противничкиот голман.
По него следуваше хет-трикот на Бензема (29,32,36) кој за 7 минути успеа да го зголеми резултатот на 4-0 за „Кралскиот клуб“.
Во второто полувреме резултатот го зголеми Асенсио во 73.минута по одлична акција со Родриго, а во листата на стрелците се запиша и Лукас Васкез кој го постигна финалниот шести погодок.
Со оваа победа, тимот од Мадрид останува на втората позиција, со 12 бода помалку од вечниот ривал Барселона која вчера исто така ја наполни мрежата на Елче.