Екипата на Гризли од Скопје е последниот патник во четвртфиналето од плејофот на женската македонска Прва лига.

Во мајсторката од осминафиналната рунда,  одиграна попладнево во СЦ „Кале“, составот на Гризли го совлада Шкупи со 58-50 и со 2:1 во победи ја доби осминафиналната серија.

Откако во првото полувреме двете екипи добија по една четвртина (15-11 и 15-17) екипата на Гризли на одмор замина со само два поени предност. И третиот период им припадна на домаќинките (16-12), за во завршните пет минути да влезат и со +10 (53-43). Ваквата предност кошаркарките на Глизли знаеја како да ја одржуваат па на крајот славеа со конечни 58-50.

Така тимот на Гризли го комплетира списокот на осум екипи што ќе разигруваат во четвртфиналето.

ПЛЕЈ-ОФ ЧЕТВРТФИНАЛНИ ДВОЈКИ
(1) БАСКЕТ КАМ – (8) ПРОБАСКЕТ
(2) БАДЕЛ – (7) ГРИЗЛИ
(3) КРИВА ПАЛАНКА – (6) СТРУГА
(4) ВАРДАР – (5) МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

ПОЛУФИНАЛЕ
Победник 1 – Победник 4
Победник 2 – Победник 3