Тимот на Барселона чекори кон титулата во шпанска Примера, откако вечерва со убедливи 0-4 го совлада Елче и отиде на +15 во однос на Реал.

Голеадата на Барселона ја отвори Роберт Левандовски во 20. минута со прецизен удар со глава донеср предност од 0-1.

Вистинската инвазија следуваше во вториот дел, кога Ансу Фати во 56. минута зголеми на 0-2.

Третиот гол на натпреварот беше дело на Роберт Левандовски кој со својот втор гол вечерва дојде до бројка од 17 оваа сезона. Конечните 0-4 ги постави Феран Торес во 74-тата минута.

Барселона со оваа победа е на 71 бод, дури 15 повеќе во однос на Реал Мадрид